Временска прогноза-сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Попладне локално ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и појава на грмежи. Температурата ќе се движи од 25 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и појава на грмежи. Температурата ќе достигне до 34 степени.