Адмиралот Фицџералд во посета на Косово

Командантот на здружените сили на НАТО, адмиралот Марк Фицџералд денеска ќе престојува на Косово. Фицџералд, како што соопшти КФОР, ќе ги посети косовските безбедносни сили кои работат на отстранувањето на минските полиња, како и војниците на КФОР.