Продолжуваат нападите врз сообраќајци во Багдад

Еден сообраќаец и еден случаен минувач загинаа во бомбашки напад во Багдад, во последниот од нападите насочени кон сообраќајната полиција. Само овој месец, досега биле убиени 5 сообраќајци во Багдад, а 27 се повредени. Сообраќајците не носат панцири и се вооружени само со пиштол.