ОН:Состојбата во Пакистан полоша од цунамито во Азија

Кризата предизвикана од поплавите во Пакистан каде се загрозени повеќе од 13,8 милиони луѓе, е многу полоша од кризата по цунамито во Азија во 2004-та година, оценил денеска во Исламабад преставникот на ОН за хуманитарни прашања Маурицио Џулијано. Тој оценил дека кризата е полоша и од неодамнешниот земјотрес во Хаити. Во полавите загинаа 1.600 луѓе, а повеќе од 500 илјади остана без своите домови. Освен тоа поплавите уништија и огромни површини на посеви , што допринесе цената на некои намирници да се зголеми и за 4 пати.