Северна Кореја заплени јужнокорејски рибарски брод

Северна Кореја заробила денеска еден јужнокорејски рибарски брод со седум член екипаж, соопштуваат од Јужна Кореја. Бродот е заробен во услови на тензии меѓу Сеул и Пјонгјанг и во време кога Јужна Кореја спроведува воени поморски вежби на границите меѓу двете земји. Од Сеул бараат Северна Кореја да ги врати морнарите и бродот. Северна Кореја петдневните воени вежби ги оцени како директна инвазија и се закани дека ќе одговри на провокациите.