Медведев во ненајавена посета на Абхазија

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска отпатувал во ненајавена посета на отцепениот грузиски регион Абхазија, на двегодишнината од кратката руско-грузикска војна. Медведев разговорал со бунтовнички лидер Сергеј Багапш и ветил дека ќе се развие целосна политичко- економска и безбедносна соработка со Абхазија. Грузиај се уште инсистира дека тоа е нејзин регион. По конфликтот во 2008-та Јужна Осетија и Абхазија се отцепија од Грузија , Москва потоа ја призна независноста на двата региони . Потегот го следеа уште неколку држави, а наиде на осуда од Западните сили.