ММФ ќе отвори биро во Атина

Меѓународниот монетарен фонд ќе отвори биро во Атина од каде ќе следи спроведување на програма за економијата на државата.
Бирото ќе има задача да собира информации, да ги анализира и да разгледува со Владата, изјави Пол Томсон заменик директор на ММФ за Европа
Според Томсон, главниот предизвик за Грција е да успее да обезбеди раст, да бидат отворени работни места и да биде конкурентна на државите од еврозоната.