Пакистанскиот лидер на средба со Камерун

Пакистанскиот претседател Асиф Али Задари кој е во петдневна посета на Лондон денеска ќе има формална средба со британскиот премиер Дејвид Камерун. Задари и Камерун веќе се сретнаа на приватна вечера во резиденцијата на британскиот премиер. Вечерата беше опишана како неформална прослава во чест на сопругата на Задари, Беназир Буто која беше премиер на Пакистан и која беше убиена во 2007 година. Денешните разговори се очекува да бидат фокусирани на обновувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.