Пакистан:Евакуација на луѓето кои живеат покрај Инд

Пакистанските власти почнале со евакуација на околу половина милион луѓе кои живеат на југот на земјата покрај брегот на Инд , чие ниво расте. Во поплавите во Пакистан досега загинаа 1.500 луѓе. Во Кашмир денеска автобус пропаднал во надојдената река при што загинале 20 луѓе а 20 се уште се водат за исчезнати. Властите подигнале околу 400 кампови за луѓето кои се евакуираат од околината на Инд. Луѓето се евакуираат со бродови и со хеликоптери.