50 години Охридско лето

Фестивалот „Охридско лето,, вечер ќе го одбележи 50 тиот роденден. По повод полувековниот јубилеј на најзначајната музичко-сценска манифестација во Македонија ќе биде промовирана монографијата „50 години Охридско лето“. Промоцијата ќе биде одржана во катедралната црква Света Софија во Охрид, каде што на 4 август 1961 година со концертот на Ана Липша Тофовиќ се роди фестивалот. На солистката Липша-Тофовиќ во таа пригода ќе и биде врачена Златна плакета за специјални заслуги за фестивалот.