Американски санкции за иранските фирми во Европа

Соединетите држави воведоа санкции против компании за кои постои сомневање дека иранската влада ги користи за избегнување на санкциите или за поддршка на нејзините нуклеарни активности. Официјален Вашингтон објави имиња на 21 фирма со кои американците веќе не смеат да склучуваат зделки. Тринаесет од фирмите кои се занимаваат со банкарство, осигурување, инвестирање и рударство се наоѓаат во Европа.