Шумскиот пожар уништи воена база во Русија

Пожарите во Русија уништиле една воена база , при што изгореле опремата и возилата, соопштуваат тамошните власти. Во соопштението се наведува дека во пожарот во базата во Коломна, југоисточно од главниот град, уништено е седиштето на воената база, финансискиот оддел, 13 складишта кои содржат воздухопловна опрема и 17 складишта за возила.