Арапските Емирати го цензурираат Блек Бери

Регулаторното тело за телекоминикаци во Обединетите Арапски Емирати денеска соопшти дека ограничувањето на клучните услуги на Блек Бери ќе ги прошири и на роаминг мрежите кои се користат од странските посетители. Од регулаторната агенција вчера објавија дека електронската пошта и електронското пребарување ќе им бидат забранети на корисниците на Блек Бери почнувајќи од 1 октомври . Во земјата е цензурирана и употребата на интернет. Овој потег ќе влијае врз стотици илјади патници кои минуваат преку Дубаи, една од најпрометните станици во светот на меѓународниот бизнис. Ваквата одлука следува откако минатата недела регулаторната агенција предупреди дека услугите на Блек Бери можат да се искористат несоодветно за проток на информации. Во Емиратите има околу 500 илјади корисници на Блек Бери