САД: распоредување на ракетен штит во Турција или Бугарија

Соединетите држави се подготвуваат за распоредување на елементи од противракетниот штит во Јужна Европа, во рамките на мерките за консолидирање на регионалните системи за одбрана од евентуален ракетен напад од Иран, објави „Вашингтон пост“. Според весникот, кој се повикува на високи претставници на Пентагон, Вашингтон е блиску да склучување договор за распоредување на радарски систем во Турција или Бугарија. Поставувањето на моќниот радар ќе овозможи во текот на 2011 година да стратува првата фаза од ракетниот штит, наведува „Вашингтон пост“. Лани во септември американскиот претседател Барак Обама се откажа од реализацијата на планот на неговиот претходник Џорџ Буш за воспоставување на антиракетен штит во Европа, чии елементи требаше да бидат распоредени во Чешка и Полска.