Командант на Хамас убиен при нападите во Газа

Во израелските воздушни напади на Газа е убиен висок командант на военото крило на Хамас, соопштуваат од палестинска страна. Убиениот Иса Бартан бил командант на военото крило во централниот дел на Газа . Израелските сили истрелале ракети кон 5 цели на Хамас , како одмазда за ракетните напади на израелскиот крајбрежен град Ашкелон.