Не помина интерпелацијата за Јанкуловска

Собранието го отфрли барањето за интерпелација за работата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ интерпелацијата за работата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска беше непотребна, неоснована и побара опозицијата да ја повлече, додека нивните колеги од опозицијата сметаат дека нејзината работа придонесува за тоа Македонија да стане полициска држава и оти е директно одговорна за упад во парламентарната демократија. Дебатата помина со многу обвинувања меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата и дофрлања од место.