Живот во Куманово

Куманово

Кумановци велат дека градот нуди добри услови за живот, но економската ситуација го отежнува секојдневието.
Во Куманово е убаво да се живее. Градот е убав и добро уреден со мали исклучоци, но кога би имало работа, кога би се отворале фабрики и нови работни места, градот би бил прекрасно место за живеење, велат кумановци.
Како се живее во Куманово?
Но, она што ме мачи е тоа што градот со околу 200 илјади жители со околијата има по еден шалтер за вадење сите документи.


„Мешано, за ’банка‘, кој како ќе се снајде, како што било и отсекогаш. Јас ’пливам‘. Но, она што ме мачи е тоа што градот со околу 200 илјади жители со околијата има по еден шалтер за вадење сите документи. Не ги обвинувам вработените, но можеби организацијата не е добра. Таму е умирачка.“

„Не сум задоволна. Нема работа. Работев во ЧИК, три месеци не ни платија. Градот е добар, убав, поубав е од Кратово, јас сум мажена тука.“
Не сум задоволна. Нема работа. Работев во ЧИК, три месеци не ни платија. Градот е добар, убав, поубав е од Кратово, јас сум мажена тука.


Парк во Куманово

„Нема од што да се живее. Сите фирми се затворија. Луѓето се заболени. Каде да работиме кога нема работа. Струја, вода, ѓубрарина не ни се платени. Добиваме по илјадарка за еден џак брашно.“

„Не е добро. Нема работа, нема плата. Беше подобро кога беше Југославија. Не мислам дека ќе биде подобро, се краде, а сиромавите трпат за леб.“

За младите, пак, Куманово е град во кој има безброј кафулиња за вечерни и претпладневни дружења. Шеталиштето покрај реката Кумановка е преполно особено во вечерните часови.

„Добро е да се живее во Куманово. Има многу места за излегување.“

Некои од граѓаните кои живеат во централното градско подрачје каде што секогаш е фреквентно забележуваат:

„Мислам дека треба еден јавен тоалет.“

Приврзаниците, пак, на сдсмовската провиниенција, која е на власт во оваа општина имаат само пофалби.

„Добро е. Градот е среден последниве 4-5 години со овој градоначалник. Имам работа во Водовод.“

Задоволни или не од градот во кој што живеат, по сите критики на она што не им се допаѓа и што ги мачи, генерално кумановци го сакаат својот град, на што не ретко ќе се пошегуваат на сопствена сметка.