Продолжува штрајкот на возачите на цистерни со гориво во Грција

Преговорите на возачите на цистерни со гориво и грчката влада пропаднаа,а штрајкувачите ќе продолжат со протестите кои допринесоа за недостиг на гориво ширум земјата. Петдневните штрајкови предизвикаа паника кај деловните луѓе, а особено превозниците кои се борат да преживеат во тешката економска криза. Лидерот на синдикатот на возачите, Гиоргиос Ѕорѕатос изјави дека владата по едночасовниот состанок одбила да ги исполни клучните барања на штрајкувачите. Владата не ја исклучув аможноста државните службеници за да ги заменат штрајкувачите и да продолжи дотурот на гориво.Возачите протестираат против реформите во правилата за добивање на лиценца, кои се дел од мерките за штедење кои Грција ги прифати за да добие помош и заеми од европските држави и од Меѓународниот монетарен фонд.