Сменет директорот на Бритиш Петролеум

Од Британската нафтена компанија Бритиш Петроелум соопштуваат дека извршниот директор на компанијата Тони Хејворд од први октомври ќе биде заменет со Американецот Роберт Дадли. Хејворд се најде на жестоки критики поради начинот на кој компанијата се справуваше со истекувањето на нафтата во Мексиканскиот залив, која предизвика еколошка катастрофа во тој дел на САД. Од БП соопштуваат дека Хејворд ќе добие место во управниот одбор на заедничката компанија во Русија ТНК-БП и ќе му се исплати годишна плата од 1, 6 милиони долари.