Вестервеле:Турција не е зрела да се присоедини кон ЕУ

Турција не е зрела да се присоедини кон ЕУ, изјавил министерот за надворешни работи на Германија Гвидо Вестервеле во интервју за весникот „Билд“. Тој изјавил дека ако денска треба да се решава за присоединување на Турција во Унијата, таа нема да биде во состојба да се вклучи . Тој изјавил дека во интерес на ЕУ е Турција да се ориентира кон Европа, не само поради економски причини, туку таа на многу конструктивен начин може да помогне во надминување на многу конфликти, независно дали станува збор за Авганистан, Иран, Јемен или Блискиот Исток.