Русија со критики за Иран

Русија денеска ги отфрли обвинувањата на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад како неприфатливи и неодговорни. Ахмадинеџад минатата недела го нарече неговиот руски колега Дмитри Медведев непријател на Иран,откако Русија застана зад санкциите кон Техеран. Во соопштение на руското министерство за надворешни работи се наведува дека Исламската република треба да преземе конкретни и конструктивни чекори за решавање на проблемите околу неговата нуклеарна програма наместо да се користи со неодговорна реторика Русија се смета за традиционално дипломатски и економски сојузник на Иран, но од неодамна ги заостри своите односи кон Техеран.