47 години од скопскиот земјотрес

Градот Скопје ќе ја одбележи 47 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје. По тој повод ќе биде положено цвеќе пред Споменикот на загинатите во земјотресот, а ќе се одржи и традиционална крводарителска акција на Црвениот крст на град Скопје. Во земјотресот животот го загубија 1.070 луѓе, а 3.000 беа повредени.