Потрага по исчезнатите војници во Авганистан

Во Авганистан во тек е копнена и воздушна потрага по двајцата исчезнати американски војници, кои исчезнаа во источниот дел на земјата. Во соопштението од мисијата ИСАФ се вели дека војниците се исчезнати од петокот, кога го напуштиле кампот и не се вратиле. Нивното возило е пронајдено во провинцијата Логар, јужно од Кабул. Во соопштението не се наведува од која националност се војниците но американски официјални претставници соопштија дека војниците се Американци. Портпаролот на талибанците негираше дека тие стојат зад исчезнувањето на војниците, иако претходно за некои медиуми соопштија дека тие ги киднапирале и притоа дадоа детални описи на војниците и опремата што ја носат.