Најмалку пет луѓе биле убиени, вклучувајќи и три високи воени офицери, во нападите на милитантите во Дагестан, соопштуваат руските новински агенции . Тројцата офицери загинале доцна синоќа во престрелки во градот Бујнакск западно од главниот град Махачкала. Москава изминатите неколку години се бори со исламистите во Кавказкот регион.