Тодоров: Платите во образованието доцнат поради ребаланост на буџетот

Доцнењето на платите за јуни за вработените во образованието се должи на донесувањето на ребалансот на Буџетот за 2010 година. Министерот за образование и наука Никола Тодоров на новинарско прашање одговори дека МОН ги има потпишано налозите за плати и оти тие ќе бидат исплатени.
Се извинувам поради тоа, но станува збор за чисто техничко прашање заради обработка на податоците поради носењето на ребалансот на буџетот, рече Тодоров.
Тој информираше дека со ребалансот на буџетот значајно се зголемени средствата за блок-дотации на општините и дополнително се обезбедени 400 милиони денари. За тоа биле потребни нови квартални планови кои МОН ги испраќа во Министерството за финансии на одобрување.