Меѓународниот суд на правдата во Хаг ја започна седницата накое треба да го даде советодавното мислење за тоа дали прогласувањето на независност на Косово е во согласност со меѓународното право На соопштувањето на мислењето присуствувааt министрите за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ и на Косово Скендер Хисени. Мислењето на највисокиот суд на Обединетите нации го соопштува претседателот Хисаши Овада во Хашката палата на мирот.. Расправата пред Меѓународниот суд започна на 1 декември минатата година, а 29 држави веќе го имаат изнесено своето мислење во однос на легалноста на прогласената независност на Косово.