Косово може да повлекува пари од одобрената помош од ММФ

Бордот на директори на ММФ одобри помош за Косово во износ од 108,9 милиони евра, што беше најавена уште во мај, се наведува во соопштение на оваа финансиска институција од Вашингтон.
Косово веднаш ќе може да повлече 22,1 милиони евра од ММФ, а другиот дел постепено ќе го повлекува во зависност од примената на мерките за стабилизација на јавните финансии.
Косово прогласи независност во февруари 2008 година, досега е прзнаено од 69 земји во светот, а во јуни 2009 година им пристапи на ММФ и Светската банка.
Меѓународниот суд на правдата во Хаг денеска ќе го соопшти своето советодавно мислење за легалноста на прогласената независност на Косово.