Условен влезот на Русија во Светската трговска организација

Русија мора да направи поголеми напори да се запре пиратеријата и фалсификувањето на американската музика, филмови и други стоки, ако сака да се вклучи во Светската трговска организација, соопштиле денеска американски официјални лица. Од американскиот комитет за интелектуална сопственост изјавиле дека јасно и ставиле до знаење на руската влада дека мора да биде зајакната одбраната на интелектуалната сопственост . Пред неколку недели, американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Дмитри Медведев ветија дека ќе ги решат прашањата околу блокадата за пристапување на Русија кон Светската трговска организација до крајот на септември.