Договор за собранискиот Деловник

Пратениците постигнаа договор околу собранискиот Деловник. Владеачкото мнозинство го прифати предлогот на опозицијата да можат да предлагаат точка на дневен ред на секоја втора седница. Пратениците треба да се договорат уште за формирање на тело кое треба да го контролира трошењето на буџетските пари. СДСМ бара на истата седница кога ќе се донесе Деловникот да се формира и телото, а од ВМРО бараат телото да биде дел од комисијата за финансирање и буџет.