ОН загрижени за зголемениот број на заболени деца од ХИВ

Фондот за деца при Обединетите Нации предупреди дека епидемијата на ХИВ вирусот алармантно се зголемува во Источна Европа и Централна Азија. УНИЦЕФ соопшти дека причината е во се почестата употреба на дроги и ризичното сексуално однесување. Проблемот е уште поголем бидејќи децата инфицирани со ХИВ и Сида не бараат помош поради социјалната стигма.