Единаесет турски војници денеска се повредени при експлозија на мина во југоисточна Турција крај границата со Ирак , пренесоа агенциите. Во реонот е активна терористичката Курдска работничка партија, најголемата воинствена група во Турција, чии членови често употребуваат мини за да ги напаѓаат припадниците на вооружените сили.