Унгарија со мерки за намалување на дефицитот

Унгарската влада најави дека ќе ги претстави мерките за намалување на буџетскиот дефицит што ги побараа ММФ и ЕУ. Министерот за економија на Унгарија Ѓерг Митолш соопшти дека продолжуваат преговорите со ЕУ и со Фондот. Двете институции, по посетата на Будимпешта, заклучија дека Унгарија мора да преземе мерки да го намали дефицитот. На крајот на 2008 Унгарија избегна банкрот, благодарејќи на 20-те милијарди евра што ги доби од ЕУ и од ММФ. Договорот за тој кредит истекува во октомври.