Германија и Казахстан склучија вредни договори

Германија склучи трговски зделки со Казахстан вредни повеќе од 2 милијарди евра, при посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на регионот. Досега Германија главно извезуваше машини, електрични апарати, автомобили и лекови во Казахстан, a увезуваше суровини како метали. Еден од договорите склучени денеска предвидува Дојче банк да кредитира мали бизниси во Казахстан, а е планирано и германска компанија да ја изгради првaтa соларна централа во таа земја.