САД со подршка за истрагата во Киргистан

Американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг денеска по состанокот со киргистанската лидерка Роза Отунбаева изразил поддршка за испраќање дополнителни мултинационални полициските сили во Киргистан. Стајнберг бил присутен и на состанокот на земјите членки на ОБСЕ. На состанокот вчера членките не успејаа да се договорат за испраќање на 50 полициски советници во Киргистан, за нормализирање на состојбата по минатомесечните етнички судири. Стајнберг, изјавил и дека ја подржуваат истрагата за насилствата.