Ирак со подршка за нафтените компании

Министерот за нафта на Ирак, изјавил дека приоритет на државата ќе и бидат интернеционалните нафтени компании кои имаат договори со 11 ирачки фирми за нафта и гас. Министерот Хусеин ал Шашристани изјавил дека ирачката влада ќе им помогне во надминување на проблемите кои интернационалите фирми може да ги имаат во развојот на нафтените полиња. Министерот се надева дека сегашното производство од 2, 5 милиони барели дневно за шест години ќе се подигне на 12 милиони барели нафта.