Расте бројот на жртви при нападот во Ирак

Бројот на жртви при денешниот самоубиствен бомбашки напад врз припадници на безбедносните сили воирачкиот град Радванија, се зголеми на 43 загинати и 40 повредени, соопштуваат локалните власти. Бомбашот самоубиц се разнел меѓу припадници на полицијата кои чекале да добијат плата. Во нападот освен припадници на ирачката војска , загинале и припадници на групата Сахва или синови на Ирак кои некогаш беа подржувачи на Ал Каеда, а потоа се свртеа на спротивната страна и почнаа да им помагаат на американските сили. Од тогаш се честа мета на напади.