Во напади во Авганистан, загинале 4 НАТО војници

Во одвоени експлозии денеска во Авганистан загинале четворица војници на НАТО, соопштиле од Алијансата. Во експлозијата што се случила на истокот на земјата, загинал американски војник. За војникот што загинала на југот на Авганистан , не се соопштува од која националност е. Другите двајца загинале во експлозија на подметнати бомби, и за нив не се соопштуваат детали од каде се. Најмногу војници на НАТО во изминатите месеци загинаа во подметани бомби покрај патишта. Затоа американската влада одлучи да испрати опрема за откривање на експлозивни направи.