Ештон во посета на Западниот Брег

Европскиот комесар за надворешни работи Кетрин Ештон денеска треба да се сретне со палестинското раководство .Ештон се наоѓа во посета на Западниот Брег во обид да ги заживее мировните разговори меѓу Палестинците и Израел. Утре е предвидено Ештон да го посети појасот Газа , што е нејзина втора посета на Газа за 4 месеци. Ештон ќе има средба и со израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху.