Рускиот Парламент ја зголеми моќта на ФСБ

Рускиот Парлемент го изгласа контроверзниот закон со кој се зголемува моќта на Федералната Служба за Безбедност. Со законот на ФСБ и се дава моќ да издава официјални предупредувања до индивидуалци на чии акции се гледа како на создавање услови за криминал. Предвиден е и притвор до 15 дена за лица кои и им попречиле на вработените на ФСБ во нивната работа. За критичарите, овој закон наликува на оние од Советско време кога претходникот на ФСБ, тогашната КГБ ги гонеше дисидентите.