Над 20 загинати во експлозии на бомби во Иран

Во вчерашните две експлозии во југоисточниот дел на Иран загинале најмалку 22 лица, додека над 160 биле ранети, соопшти денеска иранската полиција. Ова се случило покрај една шиитска џамија во покраината на границата со Пакистан која е седиште на сунитската организација Џандолах која тврди дека се бори за правата на балучкото малцинство во Иран. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги осуди нападите.