Иранскиот научник Амири се врати дома

Иранскиот научник Шахрам Амири кој смета дека бил киднапиран од страна на американски агенти по повеќе од една година се врати во Иран. На аеродромот во Техеран го пречекаа неговата сопруга и син. Амири изјави дека тој не бил нуклеарен научник, туку обичен истражувач. Тој тврди дека бил киндапиран од ЦИА во Саудиска Арабија и пренесен во САД со воен авион.