Европската инвестициона банка и додели заем од 50 милиони евра на Македонија за инвестиции во комуналната инфраструктура. Договорот го потпишале преставникот на Банката Петер Зајц и министерот за финансии Зоран Ставревски. По потпишувањето на договорот, Ставревски изјавил дека со парите ќе се стимулира економскиот развој на руралните подрачја и на посиромашните средини. Македонија заемот ќе го отплаќа 25 години, до камата од 1, 3 проценти.