Турскиот претседател во Словенија

Претседателот на Турција Абдула Ѓул ја почнува дводневната посета на Словенија, каде што ќе разговара со својот словенечки колега Данило Тирк и со други високи претставници на власта во Љубљана. Се очекува Ѓул да учествува на економскиот форум на бизнисмени од Турција и Словенија.