Координација за формирање анкетна комисија

Пратеничките групи во Собранието на Македонија денеска треба да одржат координација за формирање анкетна комисија која ќе го разгледува инцидентот што се случи во и надвор од Парламентот на 1 јули, како и во врска со измените на Деловникот за работа на Собранието. И опозициската СДСМ и владејачката ВМРО ДПМНЕ, како што јавува МИА, сакаат расчистување на сите околности во врска со инцидентот и кршењето на сите законски прописи, како и утврдување на одговорноста.