Јосиповиќ:спорот за името може брзо да се реши

Спорот со Грција за името треба што поскоро да се реши за да може Македонија да ги острани пречките што ги има на патот кон ЕУ. Мислам дека тоа може да се направи брзо, што е добро за целиот регион и за Европската Унија, изјави хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ по денешната средба со македонскиот претседател во Скопје. Јосиповиќ изјави дека спорот што го имаат Хрватска и Словенија иако е различен може да послужи како пример за решавање на отворените прашања меѓу државите.