Турскиот Премиер Ердоган во посета на Србија

Турскиот Премиер Реџеп Таип Ердоган денеска ја започна посетата на Србија со средба со српскиот премиер Мирко Цветковиќ. Ердоган ќе се состане и со претседателот Борис Тадиќ а за време на посетата ќе бидат потпишани и меморандуми за реализација на неколку патишта во Србија.