Германија и Уругвај за утешното, трето место

Диего Форлан

Фудбалерите на Германија и на Уругвај утре ќе играат за освојување на третото место на Мундијалот во Јужна Африка, свесни дека тоа е само утешна награда, но не и неважна.
Одигравме прекрасен турнир, бевме толку блиску до финалето, но ја испуштивме шансата, изјави најдобриот фудбалер на Уругвај, Диего Форлан. Тој сепак се надева дека ќе успеат да се мотивираат за утрешниот меч, бидејки и третото место е огромен успех.
Германија и на минатото светско првенство играше за третото место и успеа да го освои со победата против Португалија. Капитенот Филип Лам, кој беше во составот на Германија и пред 4 години, вели дека е многу важен натпреварот за трето место, Сакаме да се вратиме дома како победници, изјави Лам.
Филип Лам