Косово во септември ќе почне разговор за визна либерализација

Директорот на Дирекцијата на Европската комисија за Западен Балкан Пјер Мирел денеска во Приштина изјави дека се очекува во септември да започнат разговори за визна либерализација на жителите на Косово. Тој изјавил дека Косово направило конкретен напредок за многу прашања, а тоа овозможува да се започне со разговори за визна либерализација. Мирел денеска присуствуваше на првиот состанок за Диајлог за процесот за стабилизација и асоцијација на Косово со Европската Унија. Тој изјавил дека и покрај одредениот напредок, сепак Косово уште многу треба да работи и да спроведе конкретни реформи во судството, да ја зајакне борбата со корупцијата и да направи реформи во јавните набавки.