Британија ќе започне истрага за тортура врз осомничени за тероризам

Премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон, денеска изјавил дека Британија ќе почне истрага во врска со наводите дека нејзините безбедносни служби знаеле за мачење на осомничени за тероризам, на странско тло.Камерон изјавил дека дошло време да се разјаснат обвинувањата , бидејќи колку повеќе се одлага нивно разјаснување тоа се повеќе фрла дамка врз земјата. Повеќе Британци со пакистанско потекло тврдат дека биле злоупотребувани во притвор во Пакистан , а сето тоа било со британско знаење.Британските власти велат дека тие никогаш нема да користат , или да ги охрабрат другите да користат мачење за да добијат информации.