Вељаноски се надева дека ќе се формира анкетна комисија

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски се надева дека координаторите на политичките партии до утре ќе размислат и ќе прифатат решение со кое ќе се формира анкетна комисија за расчистување на неодамнешниот инцидент во Парламентот. Денеска и по тричасовна расправа не се донесе одлука за формирање на анкетна комисија за расветлување на инцидентот. Вељаноски изјави дека
се надева дека ако координаторите мислат на Македонија , ќе размислат и ќе прифатат да се формира комисијата, за да може Собранието
да продолжи со работа.